Програма за подготовка на натпреварувачи

Оваа програма е наменета за љубители на бодибилдингот кои се подготвени да:
- Поминуваат по еден час минимум во теретана
- Вложуваат дополнителни напори за време на тренинзите
- Сакаат да научат како правилно да се хранат
- Сакаат нивното тело да е во топ форма
- Секогаш да се исполнети со позитивна енергија
- Се откажат од секојдневните мали нешта кои знаат да не направат привидно задоволни( пушење, пиење на алкохол, спиење до пладне , консумирање на газирани напитоци и сл.) 
Доколку сте подготвени за менување на вашиот физички излед, да ги надминете сопствените постигнувања да се посветите на вашето тело за да го доведете во совршена топ форма - Дојдете и приклучете се на ББК Атанасовски. Работете во пар или во група
ИЗБОРОТ СЕКОГАШ Е ВАШ – ПОДДРШКАТА НАША
На полето подготовка на натпреварувачи во категорија Бодибилдинг и фитнес дисциплини клубот во неговото досегашно постоење бележи значајни резултати со освојување на места на подиуми на државно ниво како екипно така и на индивидуален план. Во своето портфолио ББК Атанасовски има забележано апсолутна победа во 1997 на екипно ниво.