
Во бодибилдинг и фитнес клубот Атанасовски постои тим од стручни и професионални инструктори и лични тренери кои ќе ве водат низ целиот тренажен процес. Се работи за искусен тим од млади луѓе кој има постигнато голем број резултати на локално и меѓународно ниво.
Улогата на овие момчиња и девојки е да ви помогнат и да ве мотивираат да ги остварите своите цели. Со изработка на соодветна тренинг програма ќе можете подобро да го запознаете вашето тело, како да вежбате и да ја зголемите вашата енергија, како да се храните и во целост да го подобрите вашиот организам.
Нашите инструктори и лични тренери ви стојат на располагање.