Опрема
Целокупната опрема за вежбање во клубот со повеќе од 70-тина работни места и тоа 16 аеробни и останатото анаеробна опрема е од врвни брендови за Боди билдинг и фитнес , односно Techno gym, Sports art, Precor...
Следејќи ги светските трендови и најновата технологија, клубот располага со голем број LCD телевизори на кои во меѓувреме можете да следите ТВ програма или програма по ваш избор.
Доколку сте заборавиле крпа не грижете се, дојдете и направете го вашиот тренинг. Во нашиот клуб ќе бидете услужени со чиста крпа која после користење ја враќате на рецепција.
Доколку сте љубител на кафе, чај, сок, вода во секое време можете да се освежите со производите на Јакобс.
Вашите вредни лични работи можете да ги оставите на рецепција на чување, а за остатокот од гардеробарта ќе ви биде дадено клуч од вашето ормарче во соблекувалната.
Во склоп на соблекувалните поставени се туш кабини , шампони итн.