Визија и мисија
Нашата визија е бодибилдинг и фитнес центар Атанасовски да прересне во центар кој ке биде препознатлив по својот квалитет и индивидуалниот пристап кон своите членови. Со нашата работа сакаме да покажеме дека вежбањето и здравите животни навики може да бидат забавни и мотивирачки.
Нашата девиза е „движи се здраво , вежбај здраво , живеј здраво.“
Вие имате само еден живот затоа живејте го добро и здраво. Никогаш нема да има подобро време од сега. Започнете да се грижите за вашето тело и ум и за таа грижа ке бидете наградени. Ние се радуваме што ќе ни се придружите и со задоволство ќе ве водиме низ вашиот сопствен пат за поздрав живот чекор по чекор.